Триесет и двајца новозаболени од Ковид-19 во последнте 12 денови се регистрирани во Велес и велешко, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.
Вкупно потврдени случаи инфицирани со Ковид-19 се 309, додека пак 258 лица се оздравени. Триесет и шест се активни, од нив дванаесет се згрижени на Инфективното одделение во велешката болница, а 24 се лекуваат во домашни услови.
„Поради едно лице вработено во општинската администрација кое е позитивно на Ковид-19, на колегите од неговата канцеларија им е издрадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Исто така, четири лица вработени во Локалната библиотека „Гоце Делчев’ се наоѓаат во домашна изолација, поради тоа што една од вработените е исто така позитивна на Ковид-19”, истакна Коцевски.
Веднаш се преземени неопходни мерки за заштита од ширење на вирусот, а Локалканата библиотека е надвор од употреба, дополни градоначалникот Коцевски.