Поради градежни работи затворена улицата „Теодосиј Гологанов“ во Скопје

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Поради изведување градежни работи денеска и утре ќе има изменет сообраќаен режим во Скопје, односно за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Како што информираат од МВР, оваа улица денеска ќе биде затворена од 08:00 часот до завршување на градежните работи, а утре во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Слични содржини