Изминатава година за Facebook е одбележана со проблемите со кражба на податоци како оние во скандалот со Кембриџ аналитикс, кој иако откриен пред половина година, се уште доаѓа на наплата во компанијата на Закерберг.

поради фактот дека не ги заштитиле податоците на корисниците, Закерберг и екипата се најдоа на удар на критичарите и јавноста, а мораа и да сведочат пред одборите во САД и Велика Британија.
Од Велика Британија ги известија дека им се заканува максимална казна, а денеска таа казна официјално е потврдена. Се работи за казна сонесена според старите правила пред да стапи на сила GDPR и изнесува 500 илјади фунти.
„Компанија од оваа големина и искуство требало подобро да знае што се случува и да работи подобро“, коментира службеничка за информирање Елизабет Денам, а иако се работи за максималната казна, Закерберг помина добро, по воведувањето на GDPR, казната е многу поголема.