Луѓето наоѓаат разни причини за прекинување на врската кои за другата личност можат да бидат целосно несфатливи. Но доколку верувате во хороскоп, голема улога во раскинувањето има и хороскопскиот знак. Погледнете ги главните причини за раскинување на секој знак.
Овен: Посесивност
Независните Овни тешко ги поднесуваат посесивните партнери покрај кои се чувствуваат затворено. Луѓето родени во овој знак не се откажуваат од нивната слобода и нема да толерираат никој којшто ги гуши.
Бик: Непочитување
Гордите Бикови очекуваат другите да ги ценат, а оние кои не го прават тоа немаат место во нивниот живот. Дури и ако навистина се вљубени во некого, нивните чувства ќе исчезнат доколку партнерот покаже и најмало непочитување.
Близнаци: Резервираност
Овие луѓе сакаат да излегуваат и да водат активен друштвен живот. Некој којшто е повлечен и не е друштвен тешко може да ги седи Близнаците и воопшто не одговара на нивните карактеристики.
Рак: Затвореност
Емотивните Ракови сакаат да ги покажуваат нивните чувства, а истото го очекуваат и од партнерот. Па, не сакаат тајни и сакаат да делат сè со саканата личност. Доколку партнерот е затворена и резервирана личност, врската нема да трае.
Лав: Срамежливост
Лавовите навистина сакаат да бидат во центарот на вниманието и не планираат да го променат тоа за партнерот. Многу ги ценат самоуверените луѓе бидејќи сакаат и предизвици.
Девица: Пасивност
На амбициозните Девици во животот најважни им се кариерата и успехот. Па доколку се со пасивна личност, едноставно не можат да најдат заеднички јазик.
Вага: Негативност
Вагите го гледаат светот низ розови очила и сакаат да бидат опкружени со слични луѓе. Во нивниот живот нема место за негативност и драма.
Скорпија: Неискреност
Скорпиите не поднесуваат лаги. Лажењето е една од најлошите човечки особини за нив. Кога ќе го фатат партнерот дека лаже, тоа е обично и крај на врската.
Стрелец: Мрзеливост
Родените авантуристи, Стрелците, секогаш се подготвени за акција и сакаат да го искористат буквално секој ден. Партнерот што не може да ги следи тешко ќе ја издржи врската со нив.
Јарец: Неодговорност
Луѓето родени во овој знак најчесто се најодговорните. Иако можеби го трпат детинестото однесување на нивните пријатели, неодговорност во врската никако не ја толерираат.
Водолија: Практичност
Водолиите се родени сонувачи и никогаш не пораснуваат целосно. Практичните и реални луѓе воопшто не ги привлекуваат, а ако сфатат дека партнерот сака да „ ги спушти на земја“ веднаш ѝ ставаат крај на врската.
Риби: Нечувствителност
Емотивните Риби обично ги кријат нивните чувства, но бараат партнер кој може целосно да се отвори. Ги одбиваат емоционално недостапни луѓе и оние кои немаат разбирање за туѓите чувства.