Поради коронавирусот, пропадна спектакуларниот трансфер на Роналдо

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Асот на Јувентус, Кристијано Роналдо решил да го напушти Торино за ПСЖ, но сè пропаднало поради пандемијата на коронавирус. Португалецот имал понуда од францускиот шампион што ќе го направи најплатениот фудбалер на светот. Очигледно, сè било договорено усно … Но, дури и богатите парижани по корона-кризата не можеа да ги исполнат своите ветувања, па Роналдо се предомисли и реши да остане во Торино.

Роналдо беше заинтригиран од идејата да игра во напад со Нејмар и Килијан Мбапе, откако неговиот Јувентус игра слаб фудбал, и покрај тоа што го освои деветтото Скудето вониза.

– Роналдо се чувствува како затвореник во Јувентус и не е среќен. Тој верува дека клубот не живее според своите амбиции и не е задоволен од тренерот Маурицио Сари, и заради сето тоа има желба да замине во Франција, пишува „Франс Фудбал“.

Французите исто така изјавуваат дека Роналдо има одлична врска со Нејмар и дека го обожава Мбапе, и дека сакал со нив да го формира најсмртоносното напаѓачко трио на светот.

Сепак, сега е сигурно дека 35-годишниот напаѓач ќе остане во Јувентус барем уште една сезона …

Слични содржини