
Крис Браун добил мајмун, но се покажало дека тој го добил без дозвола, поради што се здобил и со кривична пријава, пишува TMZ.
Пејачот се фалел со своето домашно милениче, при што поставил слика на Инстармам, во која неговата 3-годишна ќерка, Ројал, го прегрнала животното. Сликата ги поттикна духовите, бидејќи многумина се загрижени дека мајмунот може да му направи нешто на детето и повика тоа да биде ослободено.

Крис беше категоричен дека ништо нема да му се случи на детето, но се покажа дека мајмунот повеќе нема да остане со него, бидејќи нејзиниот престој во неговиот дом бил „нелегален“.
Според законите на Флорида одгледувањето на такво егзотично животно бара посебна дозвола, но Браун го пропуштил тоа. Сепак, тој доброволно го дал животното на надлежните органи пред тие да го бараат на неговиот имот.
На Крис му се заканува на шест месеци затвор ако е поднесена тужба против него. Ова е веќе во рацете на судот во Лос Анџелес. Се соопштува дека мајмунот Фиџи е сосема добро.