Поради новите болиди, Саинц загрижен за здравјето на пилотите

од Vladimir Zorba

Според возачот на Ферари, Карлос Саинц, ефектот на скокање што влијае на речиси сите болиди на Формула 1 во 2022 година, може да има сериозни негативни ефекти врз возачите на долг рок. Грижите на Шпанецот се поврзани со појавата на потенцијални проблеми во вратот и грбот на пилотите, кои се сериозно погодени со скокањето.

„Во Монако ќе биде многу предизвикувачки. Веќе моравме да се справиме со многу агресивните рабници во Мајами и нерамнините во Имола, кои беа многу тешки за нашите тела. Треба да се земе предвид здравјето на пилотите со ваков тип на автомобили. Навистина треба да има дискусија. Лично мислам дека правилата се одлични. Тие го прават токму она што се бараше од нив во однос на натпреварите. Но, дали тие треба да бидат толку оптоварени за нашиот врат и грб со оваа тежина?“, прашува Шпанецот.

„Тоа е повеќе филозофско прашање што треба да се постави. Дали пилотите треба да ја платат цената со своето здравје за да се борат со овие оптоварувања. Монако дефинитивно ќе биде тешко, но јас размислувам подолгорочно“, изјави Саинц за motorsport.com.

Слични содржини