343
ЕБУ се огласи преку официјалниот канал на Евровизија дека годинашното издание, кое требаше да се одржи во Ротердам е откажано.
Причина, сосема очекувано, е пандемијата на коронавирусот која сè уште трае, а не може да се предвиди дали во мај ќе биде безбедно да се патува низ Европа.
Се разгледуваат можностите во Ротердам да се одржи Евровизија во 2021 година, но сè уште е рано да се каже како планот би се одвивал понатаму и дали изведувачите ќе ги претсатавуваат своите земји со истите песни или ќе се избираат нови песни и изведувачи.