Поради поплави евакуирани 400.000 Јапонци, загинаа 56 луѓе

од desk2
77 прегледи

Најмалку 56 лица се удавија, а 22 се водат како исчезнати во поплавите што деновиве го зафатија југот на Јапонија.

Околу 400.000 луѓе се евакуирани на југот на Јапонија поради обилни дождови и раст на водостојот на реките, јави денеска јавниот медиумски сервис NHK.

„Реките се излеваат од коритата, а има и лизгање на земјиште. Ова може да нанесе голема штета. Премиерот нареди да ја следиме ситуацијата“, изјави пред новинарите владиниот секретар Јошихидо Суга.

Во префектурата Фукоука наредено е да се евакуираат 375.000 луѓе, затоа што реките се закануваат да ги поплават нивните куќи.

Во соседната префектура Оита домовите ги напуштија околу 21.000 луше. Евакираните граѓани се сместени во школи и државни згради или се преместени на повисоки места.

И утре се очекува обилен дожд на југот на Јпонија.