На Инфективното одделение во Велешката болница последнава недела се лекуваат и потешки случаи на заболени од Ковид-19, потврди за МИА доктор Весна Николовска-Неделкова, портпаролка на болницата.

– Поради пренатрупаност на државните клиники во Скопје, последнава недела пациентите од Инфективно не се носат на скопските клиники, туку остануваат во оваа болница. Многу од нив имаат потреба за респираторна машина, вели Неделковска-Николова, додавајќи дека секојдневно се во контакт со колегите од Инфективната клиника и ГОБ „8 Септември“.

На Инфективното одделение во Велес секојдневно се зголемува бројот на пациенти позитивни на Ковид 19. Денеска има 37 потврдени случаи и пет сомнителни кои чекаат резултат. Капацитетот на Инфективното одделение е 35 легла, но минатата недела беше зголемен на 54 кревети. На кислородна поддршка се 15 пациенти.

Инаку, продолжува црниот биланс на починати на Инфективното одделение во велешката Општа болница со уште двајца починати во изминатото деноноќие. Вчера попладне околу 17 часот починала 61-годишна жена која една недела се лекувала во оваа одделение и маж на 63 години кој бил донесен синоќа околу 18 часот, а кој починал околу полноќ. Пациентот бил во тешка состојба, а боледувал и од дијабет и висок крвен притисок.

Слични содржини