Поради најавен протест пред Владата во 18 часот во Скопје попладнево ќе има изменет режим на сообраќај.
– За таа цел од 18.00 часот до завршување на протестот затворен за сообраќај ќе биде бул. „Илинден“ на потег од бул. „Гоце Делчев“ до бул. „Климент Охридски“, информира МВР.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.