Поради технички проблеми, одложен стартот на 88-та собраниска седница

од Берта Китинска
137 прегледи

Почетокот на 88 седница на Собранието која беше закажана за 13 часот е одложен поради технички проблеми. Од Кабинетот на претседателот на Собранието, соопштија дека се работи на ниво отстранување. За почетокот на седницата, како што додадоа оттаму, ќе информираат во текот на денешниот ден, откако ќе бидат отстранети техничките проблеми.

Во текот на денот дневниот ред на 88. седница постојано се дополнуваше со нови точки. На дневен ред на оваа седница, меѓу останати, се и измени и дополнувања на закони, како дел од мерките за справување со енергетската криза, потоа на законот за здруженија и за политичките партии, како и избор на нов министер за локална самоуправа и на двајца судии во Уставниот суд.

Слични содржини