Поради земјотресите прогласена вонредна состојба во три грчки области

од Stefanija Kuzmanovska
749 прегледи

Вонредна состојба е прогласена во три грчки региони, во централниот дел на таа земја, Тирнавос, Потамија и Фаркадона, поради неодамнешните земјотреси, а вонредната состојба ќе биде на сила шест месеци од денот кога се случил земјотресот, односно до 3 септември.

Вонредната состојба е воведена по наредба на заменик министерот за цивилна заштита и управување со кризи Никос Хардалиас, пренесува АНА.

Вонредната состојба ќе им овозможи на жителите и општинските власти да имаат право на помош и финансирање за реконструкција на штета на стотици домови и компании, како и делови од патната и водоводната мрежа, пренесува „Катимерини“.

Пред два дена централниот дел на Грција беше погоден од два силни земјотреси со јачина од 6,3 и 5,9 степени.

Слични содржини