Поради земјотресот, уништена позната природна убавина во Порторико (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
380 прегледи

Вчера Порторико беше погодено од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика голема материјална штета, но и уништување на природни знаменитости.

Така, карпестиот прозорец Пунта Ветана веќе не постои, а на негово место се наоѓа карпест гребен кој по ништо не е специфичен, како што беше прозорецот.

Во земјотресот се повредени осум лица, а како што пренесоа локалните медиуми, срушена е и една црква. Официјалните лица предупредија дека постои можност повеќе објекти да се оштетени, за што ќе имаат информација откако ќе се вратат во функција телефонските линии.

Гувернерката на Порторико, Ванда Васкез, потврди дека нема извештаи за загинати лица, но побара затворање на јавните институции и ги повика граѓаните да останат мирни додека не се испитаат оштетувањата на објектите.

Слични содржини