282
Првиот човек на Ферари, Матиа Биното со јавна порака за приоритетите на тимот за 2021 година – „сакаме да го задржиме Себастијан Фетел, а не да го бркаме Луис Хамилтон“.
– Себастијан е наш прв избор. Тоа јасно му беше кажано во разговорите. Него го сакаме, за него размислуваме, нагласи Биното.
Запрашан дали Хамилтон е резервна опција за Ферари, ако Фетел ги одбие, Биното одговори: Не. Мислам дека се што имав, кажав во врска со ова. Фокусирани сме на нашите пилоти и Себ е наша опција. Не го сакаме Хамилтон. Фокусирани сме на болидот, на зимските тестирања и на првите трки во сезоната“.
Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе почне на 15 март со трка за ГН на Австралија.