Пораки од Вашинтон, Брисел и Берлин до претседателот Иванов и Груевски!

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Секојдневно пристигнуваат пораки до претседателот Ѓорѓе Иванов да си ја преиспита својата одлука која не е во согласност со демократските принципи во светот, како и Уставот на сопствената му држава Македонија.

Доцна синоќа  пораката стигна  од  официјален Вашингтон. САД ги повикува сите страни во Македонија да бидат подготвени за компромис и да се формира нова постизборна Влада.

„Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формира влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија ѝ треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската унија“ изјави заменик-помошникот – државен секретар на САД за европски прашања, Хојт  Ји.

Рекации во текот на вчерашниот ден пристигнаа и од Британија и од Грција, додека во понеделникот шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини  им порача на македонските политичари да не си играат со оган, и да се изнајдат можности за јакнење а не за уривање на институционалните капацитети на државата.

Деновиве се очекува и директно јавување од Берлин до лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, и тој да ја преиспита својата одговорност во насоката во која тргнал да ја носи Македонија, криејќи се зад народот и „унитарна загрозеност“.

Речиси сите се едногласни дека најбебзедно решение за Македнија е формирање на парламентот, повлекување на одлуката на Иванов, со мирен трансфер на власта и спроевдување на рефорскиот курс кој е посочен од меѓународните фактори.