Поранешен бугарски премиер: Безусловно ја признав Македонија, светот има поубедливи аргументи

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

При признавањето на независноста на Македонија во 1992 година, Бриго Аспарухов ни се закани со агресија од југословенската армија. Македонија е сложена земја. Историјата е важна. Отсекогаш имало искривувања, но во светот на крајот се наметнуваат поубедливи аргументи.

Ова во интервју за БГНЕС го вели актуелниот уставен судија Филип Димитров, поранешен премиер на Бугарија (08.11.1991 – 31.12.1992) и претседател на СДС (декември 1990 – крај на 1994 г.).

На 15 јануари 1992 година на Народното собрание му ја соопштил одлуката за безусловно признавање на Република Македонија од Бугарија.

-Очигледно, не е продуктивно да се бараат паралели со Австрија и Германија или со Англија и САД. Македонија е сложена земја, како вели и Охридскиот договор. Но, има и други примери. И покрај сите историски врски, Валонците не се нарекуваат Французи. Повеќето Фламанци се лути ако им кажете дека зборуваат холандски. Никој не прашува зошто во центарот на Брисел има споменик на Егмонт и Хорн, а уште помалку која е нивната националност. Но, претпоставувам дека и таму има злобни и вулгарни објави на Фејсбук, вели Димитров.

На прашњето дали тоа значи дека историјата не е важна, поранешниот премиер вели напротив, таа е многу важна, но нејзиното разбирање со текот на времето станува појасно.

– На крајот, се наметнува тезата што е поубедливо изнесена. Отсекогаш имало искривувања, но на светот на крајот му требаат поубедливи аргументи. Спротивното е провинцијално затворено. Секако, доколку нема контра-реакција поради иритација од ароганција или „виткање на рацете“. Некои проценки, се разбира, остануваат различни – како онаа на Французите и Британците за Наполеон, смета Димитров.

Лично е убеден дека нема начин да се договориме ако не разговараме како рамноправни, без „понижувачки ставови“.

– Ќе има проблеми и искри, но тие се измазнуваат со текот на времето ако дури и еден, можеби посилниот, дава позитивни сигнали. Но, ако во поделено семејство едниот тропа со нога и вика: „Како не ме сакаш така! Како ме сакаше пред десет години!“ Звучи прилично смешно, нели? Љубовта и почитта не се бараат преку суд. Затоа безусловно ја признав Македонија, посочи тој.

Слични содржини