Поранешен функционер на НАТО: Ако Трамп победи, Гренел може да биде државен секретар – тоа значи зголемен интерес за регионот

од Nikola Popovski
253 прегледи

Поранешниот портпарол на НАТО Алијансата, Џејми Шеј, смета дека Ричард Гренел, поранешниот специјален пратеник за дијалог меѓу Србија и Косово, би можел да биде назначен за државен секретар на САД доколку Доналд Трамп победи на изборите и се врати во Белата куќа. Тој вели дека би значело и зголемено значење на Западен Балкан во американската надворешна политика.

„Ричард Гренел, кој беше пратеник на Трамп во регионот, се очекува да стане државен секретар доколку Трамп победи на изборите. Ако тоа се случи, Западен Балкан навистина би можел да има поголемо значење во надворешната политика на САД“, изјавил Шеј за „Газета Блиц“.

Тој, сепак, посочува дека без разлика на исходот од изборите, Косово треба да се фокусира на обновување на односите со САД, кои, како што напоменува, беа „минирани“ во претходниот период.

Тој повторува дека поблиските односи меѓу САД и Србија би можеле да ги подобрат шансите за постигнување договор меѓу Косово и Србија, доколку косовскиот премиер Албин Курти е подготвен да ги спроведе претходните договори и да го промовира дијалогот.

„Но, без разлика кој е претседател на САД – Трамп или Харис, Косово ќе мора да даде приоритет на обновата на односите на доверба со САД, кои се нарушени. Приштина треба да биде свесна дека амбасадорот Кристофер Хил беше успешен во Белград во подобрувањето на односите меѓу САД и Србија и во убедувањето на Белград да обезбеди поголема помош за Украина и да се доближи до Западот. Вучиќ одби да оди во Русија на состанокот на БРИКС. Но, поблиските односи меѓу САД и Србија, исто така, може да му помогнат на Косово да постигне договор со Белград, доколку Курти е подготвен да ги спроведе претходните договори и да помогне во обновувањето на дијалогот меѓу Косово и Белград“, вели Шеј.

Слични содржини