Поранешниот фудбалер на Интер, Фреди Гуарин, искрено зборуваше за проблемите со алкохолот. Колумбиецот ја заврши кариерата во 2021 година. Моментално има 38 години.
„Пиев 50-70 шишиња пиво во текот на ноќта. Целосно изгубив контрола над себе, барав авантура за да добијам адреналин. Пиев 10 дена по ред и се будев со шише пиво во рацете. Најстрашното нешто? Живеев на 17-ти кат во станбен блок и бев толку одвоен од реалноста што скокнав од балконот. Имав среќа што одоздола имаше мрежа која ме фрли назад, но не знаев за тоа, едноставно не разбирав што правам. Во тој момент знаев дека ако повторно се опијам, ќе умрам. Се надевам дека мојата приказна ќе биде поучна за другите и ќе спаси некои животи“, изјави Гуарин, цитиран од „Calciomercato“.
Поранешниот играч за врска играше и за Сент Етјен и Порто и има 58 натпревари за колумбиската репрезентација.