Поранешен ученик уби 17 луѓе во своето училиште

од Vladimir Zorba
94 прегледи

 Поранешен ученик во средното училиште од градот Паркленд во Флорида отвори оган во училиштето и уби 17 луѓе, соопшти окружниот шериф Скот Израел.

Тој информира дека е утврден идентитетот на напаѓачот и оти се работи за 19-годишниот Николас Круз. Тој мирно и се предал на полицијата, додаде Израел.

Кај него е пронајдена најмалку една пушка и повеќе муниција. Повеќето жртви, 12 се убиени во самото училиште, а некои пред објектот. Меѓу жртвите има и ученици и возрасни.

Според последните податоци во  15.00 часот по локално време сторителот влегол во образовна институција со гасна маска и вооружен со димни гранати и полуавтоматска пушка AR-15 – најраспространетото оружје за “цивилна” употреба во САД и најчесто користената пушка за масовни убиства во земјата. Неговата цел била  да го искористи чадот од граната за да го вклучи системот за противпожарен аларм во училиштето, така што учениците да излезат надвор од училницата и  тој да направи што е можно повеќе жртви. По масакрот, стрелачот се обидел да избега, но полицијата ја уапсила за километар и половина од местото на злосторството.

Напаѓачот бил исфрлен од училиштето поради дисциплински причини.

Шерифот Израeл на прес-конференција после нападот рече дека сцените на лице место се „страшни“ и оти нема зборови со кои би ги опишал

Паркленд се наоѓа на околу 72 километари северно од Мајами.