Страшна информации може да излезе на виделина

Не требаше да помине многу време по првите чекори на американскиот астронаут Нил Армстронг по површината на Месечината, за да почнат да излегуваат првите теории на заговор поврзани со мисијата на Аполо 11. Повеќе од 40 години по овој славен момент од човечката историја, има луѓе кои веруваат дека во владата на САД и НАСА се скриени многу тајни.
Кен Џонстон, кој во 70-тите години раководел со одделот за контрола на информациите кон лабораторијата за изучување на Месечината во НАСА заедно со колегата Ричард Хоугланд, поранешен консултант на вселенската агенција малку потоа направија прес конференција на која раскажаа за тајни снимки на тајни објекти кои се наоѓаат на Месечината. Фотографиите биле направени за време на мисијата Аполо 11 во 1969 година.
Џонстон, кој е познат со теориите за НЛО и е меѓу најчесто бараните “експерти” во темата, и не за прв пат ветува да ја открие оваа мрачна тајна чувана така ревносно од вработените во НАСА. Слични изјави правел и во 2011 година, 2014 година и два пати оваа година.
Според него, по слетувањето на Месечината, НАСА не ја откриваат јавно целата информација. Нешто повеќе, му било наредено да уништи некои од фотографиите направени тогаш, но тој ги сокрил и ги чувал како лична архива.
Џонсон, кој одлучи да тргне по стапките на Едвард Сноуден, тврди дека Американците откриле на Месечината древни урнатини од непознато потекло, кои сепак јасно се гледа дека не се природно формирани субјекти.
Овие толку интригантни слики сеуште не биле распространети меѓу пошироката јавност. Кога тоа се случи треба да имаме едно на ум во врска со сликите што ќе ги видиме, бидејќи иако навидум сигурен извор, сликите можат да се покажат уште како теорија на заговор, која лебди околу мисијата на Аполо 11.