Поранешна бугарска МНР: Нов договор меѓу Софија и Скопје ќе ја отвори Пандорината кутија

од Nikola Popovski
245 прегледи

Нема ништо лошо да се покаже добра волја и желба да се бара решение за проблемите во случајот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Мислам дека има поле каде што можеме да разговараме и да најдеме решение
случајот за да ги задоволи двете страни, изјави за „БТВ“, поранешната бугарска министерка за надворешни работи Надежда Неински.

Според неа, со билатералниот договор се решаваат спорните прашања.

-Се создава добра основа за градење доверба. Сè што треба да се направи отсега е да се надгради овој договор. Потрагата по нов договор, повторно преговарање, ќе ја отвори Пандорината кутија и ќе им даде можност на одредени политичари од двете страни да ги заглават односите, додава Неински.

Поранешната министерка смета дека секакви егзотични идеи во моментов ја менуваат бугарската позиција и ја ослабуваат. Неински потенцира дека Бугарија треба да зрачи со единство во својата позиција кон Северна Македонија и да води исклучително активна дипломатија.

-Убедена сум дека има кругови кои сакаат да ја разнишаат довербата на бугарското општество во нејзините партнери во ЕУ и НАТО, но верувам дека новата бугарска влада ќе најде начин да ги преброди овие стапици, вели Неински.

Според поранешната шефица на бугарската дипломатија, спорот со Скопје ќе биде многу сериозен тест дали тамошното владино мнозинството ќе биде реформаторско.

Слични содржини