Поранешната државна секретарка во српското министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, користела шифрирана апликација за пораки на својот телефон Sky, додека се криела зад прекарите Arona, Vila, Villa, Nike и Rina, како што може да се види од списокот на корисници на апликацијата составен од Обвинителството за организиран криминал, до која стигна КРИК, Мрежата за истражување на криминалот и корупцијата во Србија.
Името на државната секретарка се најде на списокот од 77 лица кои се осомничени дека се дел од криминална група обвинета за четири убиства, се наведува во документот на обвинителството што е создаден во текот на истрагата на врачарскиот клан.
Инаку, Обвинителството за организиран криминал против Хркаловиќ пред година ипол поднесе обвинителен акт поради сомнение дека сторила кривично дело малопродажба. „Крик“ пишува дека до ден денес не била обвинета за злосторствата наведени во документот или за соработка со криминалци.
Освен Хркаловиќ, минатата година обвинителството побара транскрипти од пораките на Sky од француските власти за повеќе од сто други лица, вклучително и двајца неименувани мажи од српската полиција и БИА (Агенција за безбедност и разузнавање), кои се клучни за разбирање на врските меѓу криминалот и властите.
Обвинителот за организиран криминал Младен Ненадиќ во јуни минатата година испратил писмо до францускиот суд со барање да му ги достави пораките што ги размениле 159 лица преку апликацијата Sky, која главно ја користат криминалци и мафијаши, дознава „Крик“.
Во Србија беа покренати неколку големи случаи врз основа на пораки разменети преку апликацијата Sky: беа уапсени членови на криминалната група на Вељко Беливук, а против нарко босот Дарко Шариќ беше покренато ново обвинение.
Српското обвинителство, сепак, беше изложено на критики во јавноста бидејќи не беше уапсен ниту еден висок владин функционер кој ја користел апликацијата Sky и преку неа комуницирал со криминалци.
📣OTKRIVAMO
Dijana Hrkalović koristila je „skaj“ telefon, a bila je i među osobama za koje se sumnja da su učestvovale u ubistvima, piše u dokumentu tužilaštva„Skaj“ su koristila i dva čoveka iz policije i BIA-e čiji su samo nadimci poznati#TajneSkajahttps://t.co/kgVz7zvbal
— KRIK (@KRIKrs) May 31, 2023
Имено, на листата на корисници на апликацијата Sky, за која се заинтересирал обвинителот, имало криминалци, нивни жртви од ривалски групи, адвокати – но и едно познато име од поранешниот врв на полицијата.
Ненадиќ побара од Франција да му ги достави пораките на Sky на Дијана Хркаловиќ, поранешна секретарка во МВР.
Обвинителот за да го оправда своето барање објаснил дека се сомнева дека Дијана Хркаловиќ е членка на поголема криминална група која е вмешана во четири убиства и пет обиди за убиства.
Освен неа, Ненадиќ се интересирал и за двајца видни личности од државниот врв кои ѝ помагале на мафијата, криејќи се зад прекарите Едо и Маркус. Според достапните информации, Едо работел во врвот на министерството за полиција, а Маркус во разузнавачката агенција БИА. Да потсетиме, Хркаловиќ во јавна расправија со министерот за полиција Небојша Стефановиќ тврдеше дека токму тој го користел Sky под прекарот Едо.
„Крик“ пишува дека сослушувањето на обвинителот повторно не довело до апсење на припадници на властите во Србија.
Франција ја испрати бараната информација до Ненадиќ во октомври 2022 година, по што беа уапсени 40 членови на врачарскиот клан, но ниту еден службеник кој соработувал со нив.
Писмото од јуни 2022 година, чија содржина сега ја открива „Крик“, сведочи за тоа дека српското обвинителство најмалку една година има сознанија дека Хркаловиќ ја користел апликацијата Sky.
Според дописот на обвинителот, Хркаловиќ сменила пет различни прекари во апликацијата Sky – Arona, Vila, Villa, Nike и Rina.
Хркаловиќ, инаку, во еден краток период – од средината на јули до крајот на ноември 2019 година, официјално го смени името во Ника Рина.
Обвинителството во меморандумот тврди дека Хркаловиќ, некогашната втора најмоќна личност во полицијата, е осомничена дека е членка на криминална група составена од дури 77 лица, но не наведува каква била нејзината улога. Таа група се занимавала со шверц на цигари, четири убиства и пет обиди за убиство.
Освен Хркаловиќ, меѓу осомничените се и шефот на црногорскиот кавачки клан Радоје Звичер, како и осудениот убиец од Босна и Херцеговина Дарко Елез за кој веќе се знаеше дека бил во контакт со Хркаловиќ.
Да потсетиме, Хркаловиќ претходно беше обвинета за саботирање на истрагата против Вељко Беливук, соработник на кавачкиот клан, за убиство извршено во центарот на Белград во 2017 година.
Според обвинението, Хркаловиќ им наредила на полицајците да не го доставуваат извештајот од анализата на телефоните на Беливук до обвинителството. Наводно, Хркаловиќ често била споменувана во пораките на Беливук.