Поранешната девојка на Зверев роди девојче: „Тој никогаш нема да го види бебето“

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Поранешната девојка на тенисерот Александар Зверев (23), Бренда Патеа (27) на својот Инстаграм профил објави дека станала мајка.

– На 11 март бевме благословени со доаѓањето на Мајла – напиша привлечна германска манекенка во објава со фотографија на која го држи за рака малото девојче.

Зверев, кој во моментов е во Мексико, сè уште не го коментира среќниот настан.

Германската манекенка и моментално седмиот тенисер во светот раскинаа на крајот на август минатата година, два месеци откако беа заедно на Адриа турнејата во Задар. На тој турнир, кој остана запаметен по инфекцијата со коронавирус која избувна во Задар, двојката се чинеше дека е среќна заедно. Уживаа на јахта, објавија многу фотографии од убави заеднички моменти и прошетаа низ градот. Раскинувањето шокираше многумина, но уште поголем шок предизвика Бренда кон крајот на октомври 2020 година.

Таа објави дека е бремена, но исто така јасно стави до знаење дека не сака да го одгледува детето со тениската суперѕвезда. Рече дека не сака ни да го види Зверев, а камоли да го дели старателството над детето со него.

– Не доаѓа предвид да го одгледуваме детето заедно!

Тогаш моделот откри дека детето не било планирано.

Во јануари годинава, Зверев во неколку интервјуа рече дека едвај чека да стане татко и дека, иако тој и Бренда веќе не се заедно, се радува на родителството.

Слични содржини