Поранешната сопруга на Путин има нов сопруг кој е 20 години помлад од неа, еве како реагирал рускиот претседател на тоа

од Stefanija Kuzmanovska

Људмила Путин (65) две години по разводот со рускиот претседател Владимир Путин, повторно се омажи и тоа за Артур Очеретни, кој е 20 години помлад од неа. Тој брак наводно го договорил самиот Путин, се вели во извештајот на Фондацијата за борба против корупцијата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Путин и Људмила се венчаа на 28 јули 1983 година и се разведоа по речиси 30 години брак. Разделбата се случи во 2014 година, а во бракот ги добија двете ќерки Марија и Катерина.

„Во старите времиња беше вообичаено родителите на невестата да го уредат миразот: нешто вредно, како пари, скапи ткаенини или накит за да ја зголеми вредноста на невестата. Но, Путин зазеде сосема нов пристап. Тој буквално организираше милион долари мираз за неговата поранешна сопруга“, изјави во август минатата година Марија Певчик, раководител на истражувачката единица во организацијата.

Певчик не прецизираше колку точно вреди миразот на поранешната сопруга на Путин, но извештаите велат дека двојката добила милионски донации за нивната фондација и купила луксузни имоти низ Европа.

Запрашан една година по официјалното завршување на бракот со Људмила во 2014 година, дали тој повторно ќе се ожени, Путин наводно одговорил: „Прво треба да ја омажам поранешната сопруга, па дури потоа ќе размислувам за себе“.

Певчик рече дека бракот на Путин со Људмила бил „лажен“ повеќе од една деценија.

„Људмила никогаш не беше вистинска прва дама. Едвај ја видовме во јавноста и никогаш не ја слушнавме како зборува. Еднаш годишно ја користеа жив експонат на верските служби“, додаде Певчик.

Откако објавија дека се разделуваат во 2013 година, Људмила рече дека парот „ќе остане многу близок“ и дека е „благодарна“ за неговата континуирана поддршка.

Ако им се верува на извештаите, таа поддршка дојде во многу форми.

Истражувањето на „Ројтерс“ на имотната евиденција во 2017 година покажа дека Људмила Очеретнаја може да биде поврзана со мултимилионски договор за недвижнини.

Се вели дека нејзиниот втор сопруг Артур станал сопственик на неколку вили и апартмани во неколку земји надвор од Русија, откако неговата нова сопруга се разделила од Путин, за кој се вели дека е еден од најбогатите луѓе во светот.

„Артур Очеретни и Људмила Путин (сега официјално Људмила Очеретнаја) немаат сопствени пари. Се што поседуваат им е украдено од Владимир Путин. Како обратен Робин Худ, Путин краде од сиромашните за да им даде на богатите“, рече Певчик.

Очеретни уште во 2010 година стана претседател на одборот на директори на Центарот за развој на меѓучовечки комуникации и покрај тоа што до тој момент работеше како компанија за морска храна и настани.

„Билд“ денеска објави дека Људмила наводно собирала богатство уште од војната во Украина.

Таа и нејзиниот сопруг наводно поседуваат неколку станови во Европа, вклучително и во Швајцарија.

На почетокот на мај минатата година, британските власти утврдија дека Људмила продолжува да има корист од деловните односи со руските државни институции. Затоа и ѝ воведоа санкции на поранешната сопруга на Путин. Во ЕУ, пак, Људмила не е санкционирана.

Слични содржини