Поранешната сопруга на Том Круз раскажа за проблемите во нивните односи со 10-годишната ќерка

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Веќе повеќе од 4 години Кејти Холмс  ја воспитува својата ќерка Сури сама: во 2012 година таа поднесе барање за развод со Том Круз и доби единствено старателство над нивната ќерка.

Таткото на Сури – Том Круз – одлучи да се откаже од комуникација со ќерка си поради барањата на сциентолошката црква, чиј член е тој. Во тоа време Кејт се обидуваше да прави се што е можно за да не го осети Сури недостатокот на татко си .

Но во интервју неодамна актерката призна дека нејзината ќерка почнува да се одвојува од неа, пишува Elle.

“Детето ми е најважната личност за мене. Воспитувањето на ќерка ми е на прво место. Сакам таа да има мирно и среќно детство. Но секој ден децата постепено се одделуваат од нас. Тоа е добро, од една страна, бидејќи тие треба да бидат независни.

Но од другата страна ми е многу болно – како родител сакам таа секогаш да е со мене. Сепак, треба да им  даваме на децата сé што е потребно за да можат да продолжат понатаму сами. За мене овој момент ќе биде многу тежок. ”

За 38-годишната Кејти Холмс Сури е прво и единствено дете.

Том Круз од бракот со Никол Кидман има две посвоени деца – ќерка Изабела и син Конор. Неодамна стана познато дека Круз ги  обновил односите со својата ќерка Сури.