Поранешни агенти за валканите тајни на ЦИА: Со отровна стрела – срцев удар

од desk2
162 прегледи

Едно од најчесто користени тајни оружја за убиства на ЦИА беше обелоденета од поранешни агенти на американското разузнавање. Како точно се работело открива документарниот филм Тајните на ЦИА.

Според сведочењето – во ова оружје се поставувала отровна стрела, која предизвикува срцев удар.

Стрелата можела да навлезе во облеката, без да остави траги, освен мала црвена точка на кожата.

При навлегувањето на смртоносната стрела жртвата се чувствувала како касната од комарец и не чувствувала особена непријатност, но кога отровот почнувал да делува стрелата се распаѓала во телото.

Отровот многу брзо може да се влезе во крвта и да предизвика срцев удар, а при обдукцијата не се откриени никакви траги од неа. Неверојатните информации за ова оружје за прв пат се споделени во 1975 година, кога десетици тајни акции на ЦИА стануваат јасни.

Податоците се официјално слушнати од комитетот United States Senate Select Committee to Study Governmental Operations with Respect to Intelligence Activities.

Се појавуваат сомнежи дека ова тајно оружје е употребено за убиството на 52-годишниот новинар Марк Питман, кој предвидел финансиската криза и целта му била да ја изобличи улогата на Федералниот Трезор.

Истрагата на на Питнам доведува до дело во кое Блуумбрг Њуз ја осудува Централната банка за измама. Нелколку дена потоа новинарот умира од срцев удар.

Во документарниот филм Тајните на ЦИА поранешните агенти велат дека првичната гордост и ентузијазам, со кои да сакале да и служат на нацијата, се претвориле во каење, бидејќи сфатиле дека невини луѓе умираат во името на националната безбедност.

Откритието дека пред повеќе од 30 години ЦИА користела толку добро разработено оружје за убиство, ги тера многу луѓе да се прашуваат што ли се се користи денес со напредокот на новите технологии.