Поранешниот британски премиер ќе вози камион со помош за бегалците во Полска

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Дејвид Камерон вози камион до Полска со донации за британскиот Црвен крст.

Донациите, кои вклучуваат облека, пелени и прва помош, се дел од проектот „Чипи Лардер“ во кој тој волонтира во последните две години, објави Би-Би-Си.

Камерон ја пофали „дарежливоста на заедницата во западен Оксфордшир и британскиот народ како феноменална, обидувајќи се да им помогне на своите соседи кога им требаат“.

Украинскиот амбасадор во Велика Британија ја поздрави сета поддршка понудена од британскиот народ, но рече дека „подобро ќе се искористат парите“ отколку големите работи.

„Пораката е едноставна – ако можете, дајте неколку фунти наместо да носите работи во торба“, рече тој.

Слични содржини