Поранешниот премиер на Израел: Ќе ја изгубиме поддршката од светот

од Stefanija Kuzmanovska

Ехуд Барак, поранешниот израелски премиер и началник на Генералштабот на израелската армија, дал интервју за американски Foreign Policy, велејќи дека Израел „веројатно ќе ја изгуби поддршката од светската јавност“ поради неговиот одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

Барак изјавил дека „нашата цел е да ги ограничиме воените и владините капацитети на Хамас во Појасот Газа. Тоа не можеше да се постигне само со воздушни напади. Мораме да распоредиме илјадници и илјадници војници на теренот“.

Запрашан за поддршката на САД, тој рекол: „Знаеме дека за една или две недели веројатно ќе ја изгубиме поддршката на јавното мислење во многу делови од слободниот свет, а за две или три недели би можеле да ја изгубиме поддршката од многу влади во слободниот свет. Мислам дека Америка сè уште ќе биде со нас, но за нив ќе биде сè покомплицирано да останат покрај нас“.

За воената стратегија на Израел, поранешниот премиер рече дека ќе бидат потребни „најверојатно околу 50.000 или повеќе војници за да бидеме сигурни дека ќе победиме“.

„Дури и ако војната прерасне во голем регионален конфликт со Хезболах, кој има 10 пати повеќе ракети и проектили, или ако се вклучени Западниот Брег или Голанската висорамнина, Израел е сепак посилен. Тоа не е егзистенцијална закана, но ќе биде потребно повеќе време, повеќе загуби и повеќе компликации со оние кои не поддржуваат ширум светот“, заклучил Барак.

Слични содржини