491
Реисот кој си поднесе оставка, Сулејман Реџепи, во вечерашното гостување во Клик Плус на ТВ21, ја образложи причината, барем онаа меѓу поглавните поради која одлучил да се повлече од функцијата поглавар на ИВЗ.
Имено, тој вели дека имал јасна причина да се повлече од оваа функција.
„Муса Џафери и Блерим Беџети од ДУИ како пријатели дојдоа кај мене и ме замолија да се повлечам и да дадам оставка, поради тоа што било подобро за мене лично пред парламентарните избори, за да не ме етикетираат за негативни работи“, истакна Реџепи во своето гостување.