33
Поранешниот светски шампион со Италија и поранешен дефанзивец на Милан, Масимо Оддо е назначен за нов селектор на вториот тим на „росонерите“. Тој доаѓа на местото на Даниеле Бонера, кој беше разрешен вчера.
„Клубот би сакал да му посака добредојде на Масимо и неговиот тим“, објави Милан во официјалното соопштение.
Вториот тим на Милан е еден од трите претставници во Серија А кои имаат тимови во Серија Ц, заедно со Јувентус и Аталанта.
Како фудбалер, Одо играше за Наполи, Верона, Лацио и Милан, со кој ја освои Лигата на шампионите во 2007 година.
По завршувањето на кариерата, тој се сврте кон тренерската професија и раководеше со голем број италијански клубови, меѓу кои Пескара, СПАЛ, Падова, Перуџа, Кротоне и Удинезе.