376
60-годишниот Мaт Сорум, поранешен тапанар на Guns N ‘Roses, ќе стане татко за прв пат.
Музичарот и неговата 24-години помладата сопруга Ејс Харпер се подготвуваат да имаат ќерка оваа година, по осум години брак.
„Од сите прекрасни авантури низ кои сме поминале во животот, ништо не може да се спореди со среќата што конечно можеме да создадеме свое семејство“, рекоа тие за „Пипл“.
Сорум беше со „Guns“ од 1990 до 1997 година, а настапуваше и со Stone Temple Pilots и Velvet Revolver со кои освои Греми за најдобра хард рок изведба во 2005 година.