Од Министерството за здравство информираат дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на коронавирус. Билансот по градови изгледа: Скопје – 367, Прилеп – 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12, Кочани -10, Штип и Струга – по 9, Пробиштип – 8, Демир Капија – 7, Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар – по 5, Кичево – 4, Свети Николе и Ресен – по 3, Делчево, Виница, Валандово и Богданци – по 2, Македонски Брод – 1.
МЗ регистрира и 368 оздравени пациенти од градовите: Скопје – 154, Прилеп – 61, Охрид – 25, Битола – 17, Велес и Струга – по 14, Куманово – 12, Тетово и Гевгелија – по 9, Штип – 7, Гостивар и Струмица – по 6, Делчево – 5, Дебар – 4, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово – по 2, Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 1.
Направени се 3144 тестови преку: ИЈЗ-623, ЦЈЗ Скопје-55, Авицена-233, Биотек-339, Жан Митрев (Филип Втори)-178, Систина-255, лабораторија Лаор–141, МАНУ-0, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-54, Ремедика-43, лабораторија болница Козле-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.100, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-20, лаборатории од странство-0.