Пораст на ковид-случаите во Грција, се враќаат дел од рестриктивните мерки

од Nikola Popovski
388 прегледи

Грција објави нов скок во бројот на инфекции со коронавирус и ги претстави плановите за враќање на ограничувањата за забавите, по неколку недели значително опаѓање на случаите, објави Ројтерс.

Во земјата денес има 1.797 нови случаи, откако вчера беа регистрирани 801 случај на корона.

Владин претставник изјави дека повеќето заразени се млади луѓе и рече дека ограничувањата за рестораните, баровите и ноќните клубови ќе бидат воведени повторно од 8-ми јули.

Сопствениците ќе бидат казнети со строга парична казна или ќе им биде одземена лиценцата за работа.

Грција, која е во голема мера зависна од туризмот, ги укина повеќето ограничувања за патувања и забава, како и носење маски на отворено, бидејќи бројот на заразени опаѓа подолго време.

Досега, околу 38 проценти од населението се целосно вакцинирани. Владата сака да вакцинира 70 проценти од граѓаните до есента, па затоа нуди различни стимулации, вклучително пари и бесплатен интернет за младите.

Слични содржини