Порно ѕвездата која поднесе тужба против Трамп: „Ми рече да не се грижам за Меланија“

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочува со можно обвинение поради наводите дека прикрил тајни плаќања на поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс. Даниелс тврди дека таа и Трамп имале секс и дека прифатила 130.000 долари од неговиот поранешен адвокат пред изборите во 2016 година во замена за нејзиниот молк.

Американските институции се уште немаат донесено одлука дали ќе го гонат кривично и со самото тоа ќе го притворат Доналд Трамп, но тој веќе ги повика своите поддржувачи да протестираат во случај тоа да се случи.

Адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, подоцна беше осуден по повеќе обвиненија. Поранешниот американски претседател негираше дека имал каква било сексуална врска со Даниелс откако обвиненијата се појавија во 2018 година.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, во интервју за медиумите изјави дека го запознала Трамп на хуманитарен голф турнир во јули 2006 година. Таа тврдеше дека имале секс во неговата хотелска соба во Лејк Тахо, туристички град меѓу Калифорнија и Невада. Адвокатот на Трамп тогаш „жестоко“ го негираше тоа.

„Изгледаше дека не е загрижен поради тоа. Беше некако арогантен“, рече таа на прашањето на новинарот дали Трамп ѝ рекол да молчи за нивната наводна заедничка ноќ. Тогашната сопруга на Трамп, Меланија Трамп, не била на турнирот бидејќи во тоа време се породила.

Закани и исплати

Неколку дена пред претседателските избори во САД во 2016 година, Даниелс рече дека адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, ѝ платил 130.000 долари за да молчи за аферата. Таа рече дека ги земала парите бидејќи била загрижена за безбедноста на своето семејство. Даниелс изјавила дека ѝ се заканувале легално и физички да молчи, пренесува Би-Би-Си.

Набргу откако се согласи да даде интервју за магазинот „Ин тач“ за наводната афера, таа рече дека непознат маж ѝ пришол на неа и нејзината мала ќерка на паркинг во Лас Вегас и ѝ рекол „да го остави Трамп на мира“.

„Тоа е прекрасно мало девојче. Би било штета ако нешто ѝ се случи на мајка ѝ“, се присети таа во интервју за CBS 60 Minutes во 2018 година.

Пред емитувањето на епизодата на 60 Minutes, лажна компанија поврзана со адвокатот Коен ѝ се заканила на Даниелс со тужба од 20 милиони долари, тврдејќи дека таа го прекршила нивниот договор за необјавување (NDA) или „договор за тајност“. Даниелс за емисијата на Си-Би-Ес изјави дека ризикува казна од 1 милион долари со тоа што зборуваше на националната телевизија, но ѝ било многу важно да може да се одбрани.

„Тоа беше најлошиот секс во мојот живот, ми рече да не се грижам за Меланија“

„Мојот живот е многу поинтересен од сексот со Доналд Трамп, но го разбирам интересот“, изјавила таа. Таа истакнува дека сексот со Трамп веројатно бил „најлошиот секс“ во нејзиниот живот. Таа подоцна за медиумите изјави дека „морбидната љубопитност“ ја одвела во собата на Трамп. Таа признала и дека имала незаштитен секс со Трамп.

„Сексот со Трамп траеше само две минути. Колку детали можете да дадете за нешто што траеше толку“, праша Даниелс.

За време на едно од нејзините бројни обраќања за медиумите, таа ја спомена и Меланија.

„Трамп ми рече дека не морам да се грижам за Меланија, која штотуку го роди синот Барон, бидејќи тие двајца спијат во посебни соби“, рече таа.

Таа поднесе тужба против Трамп

Сторми Даниелс, исто така, поднесе тужба против Доналд Трамп во 2018 година, барајќи да го поништи договорот за кој тврди дека го потпишала со него неколку дена пред претседателските избори во 2016 година.

Во тужбата, поднесена во Врховниот суд во Лос Анџелес, се наведува дека договорот, потпишан на 28 октомври 2016 година, е „ништовен и неважечки“ бидејќи не бил потпишан лично од Трамп.

Слични содржини