Со години истражувачите тврдат дека порното пречи на сексуалниот живот на мажите, наметнувајќи им да се чувствуваат неспособни да ја задоволат партнерката. Но ново истражување го докажа спротивното.man-watching-tv-while-woman-hugging-w724

Гледањето порно или филмови со сексуална содржина ги возбудува мажите и го зголемува апетитот за секс. Научниците од Велика Британија не утврдиле поврзаност помеѓу гледањето филмови за возрасни и еректилната дисфункција. Во текот на студијата биле испитувани 280 волонтери од посилниот пол. Тие одговарале на прашања колку часа неделно гледаат порно, а одговорите се движеле помеѓу 0 и 25 часа. Потоа учесниците пополнувале прашалници со кои го мереле нивото на сексуалното желба.

Од 280 доброволци 127 имале постојани партнери. Мажите морале да гледаат порно дома и во лабораторија на научниците. Резултатите покажале дека тие чувствувале поголема сексуална желба, кога биле дома, отколку во лабораторијата.

Слични содржини