Пороен дожд во Скопје

од desk2
134 прегледи

Пороен дожд со ретки грмежи и наместа со град ја зафати попладнево Скопската Котлина, а во населбата Ново Лисиче паѓаше и град со големина на лешник.

Во некои делови од главниот град улиците се преплавени од наврнатиот дожд.

Според УХМР, сè уште има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, наместа и во форма на невреме.

– Поради големата енергија во атмосферата и натаму е можна изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер,  велат од УХМР.

Услови за нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и утре попладне.