Поројните дождови предизвикаа големи штети во Грција

од Vladimir Zorba
89 прегледи

   Поројните дождови што ја зафатија Грција изминатиот период предизвикаа огромни штети во западниот дел на земјата, каде властите соопштија дека илјадници земјоделски површини се претвориле во езера.

Во исто време, жителите на овој дел на Грција бараат што побрзо да бидат обесштетени.

Поројни дождови ги зафатија градовите Агринио и Месолонги, но и многу села во тој регион. Поплавени беа приземјата на куќите, а по улиците имаше повеќе од еден метар вода. Многу реки се излеаја, а десетици луѓе беа евакуирани.

Тешка е ситуацијата и во Епир каде на многу места имаше лизгања на земјиште и поплавени згради, а пожарникари спасиваа луѓе од куќи кои биле затрупани со свлечишта и многу вода.

Властите предупредуваат и за зголемено ниво на водата во повеќе реки. ј