Порта Македонија ја отвора вратата за венчавки

од Љубиша Владимиров
13 прегледи

Управата за водење матични книги денеска објави дека постигна договор со објектот „Порта Македонија“ за организирање граѓански венчавки во нивната свечена сала.

Според договорот, од 1 јуни до 31 декември годинава, Управата ќе може да ја користи оваа просторија секој четврток, петок, сабота и недела, во периодот од 14:00 до 17:30 часот, за одржување на службени венчавки. По завршувањето на овој период, соработката може да продолжи доколку двете страни се согласат.

Оваа новина им дава можност на младенците да ја одржат церемонијата во посебен и пријатен амбиент, токму во центарот на Скопје, што ќе ја направи нивната венчавка поинаква и незаборавна. Управата истакнува дека со овој чекор се подобрува квалитетот на услугите кои ги нуди на граѓаните.

Слични содржини