Екипите на Портланд и на Филаделфија ги задржаа шансите за пласман во конференциското финале, откако славеа победи на шестите натпревари во четвртфиналето од НБА плејофот.
Филаделфија беше поуспешна од Торонто со 112:101, додека на вториот меч одигран ноќта меѓу четврток и петок, Портланд го победи Денвер со 119:108.
Вкупниот резултат на двете пресметки е 3-3 во серијата прв до четири победи.
Прв полуфиналист е тимот на Милвоки, а четвртиот патник ќе се бара од двојката Голден Стејт – Хјустон (3-2 во победи).