Портпаролите на Влада: Надлежните ги утврдуваат и санираат штетите од вчерашното невреме

од Nikola Popovski
217 прегледи

На денешната прес-конференција портпаролите информираа, дека Владата на Република Северна Македонија е во постојана  комуникација и координација со надлежните институции  по вчерашното невреме и се прават максимални напори да се санираат штетите.

Во таа насока, беше речено на денешната прес-конференција, надлежната институција односно Центарот за управување со кризи веќе информираше за првично утврдените штети од невремето.

Невреме пропратено со дожд, врнежи и силни налети на ветер зафати пошироко подрачје на главниот град, поплавувајќи улици, подвозници, приоди до згради, куќи и дворови.

Центарот за управување со кризи соопшти дека невремето однело покриви и соборило дрвја.

Управата за хидрометеоролошки работи на Северна Македонија соопшти дека до петок ќе се задржи нестабилното време со дожд, грмежи и засилен ветер.

Слични содржини