Портпаролот на руската амбасада: Се разгледуваат мерки како реакција на протерувањето на дипломатот

од Nikola Popovski

Русија разгледува мерки што можат да бидат реакција на протерувањето на рускиот дипломат од С. Македонија, изјавил денеска за ТАС С портпаролот на руската амбасада во Скопје.

Тој во име на Амбасадата потврдил дека владата во Скопје донела таква одлука.

„Руската страна сега ги разгледува мерките како одговор што ќе следат по овој чекор. Рускиот дипломат има рок од седум дена да ја напушти Северна Македонија. Неговото име нема да биде објавено“, рекол портпаролот на амбасадата.

Претходно денес, Министерството за надворешни работи објави дека ќе протера руски дипломат. „

„Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“, велат од МНР.

Слични содржини