209
По вчерашната средба помеѓу лидерите на ДУИ и СДСМ во Собранието, која немаше финален позитивен исход, пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов упати порака до партиското членство и симпатизерите дека наскоро ќе има договор за нова влада.
Тој на својот профил напиша: Трпение, спасение!
На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.