Портпаролот на Влада демантира: Ниту едно име на македонски град нема да биде променето

од Nikola Popovski
442 прегледи

Откако порталот Пресингтв, објави лажна вест дека во следниот период се oчекува да се избрше придавката „македонски“ од имињата на градовите Македонска Каменица и Македонски Брод, портпаролот на Владата на С. Македонија, на Твитер ја демантира објавата.

„Ова е Лажна вест. Ниту едно име, ниту еден македонски град нема да биде променет. Граѓаните имаат право да бидат точно информирани. Затоа сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес. Ваквите манипулации се прават само за да се вознемират граѓаните“, објави портпаролот.

Слични содржини