Португалците се жалат: Грабеж во Белград

од Nikola Popovski
181 прегледи

Како што се очекувало, португалските медиуми биле разочарани од исходот од натпреварот од втората квалификациско коло за Светското првенство во Катар, кога Србија и Португалија ремизираа 2:2.

Тие беа оштетени со гол во 93-та минута од мечот со Србија на стадионот „Рајко Митиќ“.

Португалскиот печат протестирал против исходот на натпреварот, па „Рекорд“ на насловната страница го издвои моментот кога Стефан ја извадил топката од позади гол-линијата и напишал „Рубо“, што значи „грабеж“ или „кражба“.

„А Бола“ ја нарекува оваа ситуација бесрамна, а „О жого“ се прашува каде е ВАР, односно видео технологијата, во оваа фаза од натпреварувањето.

Треба да се каже дека од „А Бола“ на порталот напишале дека Португалија е виновна затоа што испуштила два бода, откако „заспале“ во второто полувреме, иако во првото сепак водеа со 2-0 со головите на Диого Жота.

Слични содржини