Посебен режим на сообраќај на 04.05.2022 на ул.„50 дивизија“ во Скопје

од Берта Китинска
216 прегледи

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04.05.2022 година (среда), во периодот од 07.00 до 13.00 часот, поради снимање на видео спот, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на ул.„50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Слични содржини