Посебен сообраќаен режим од утре до понеделник во Скопје

од Nikola Popovski
30 прегледи

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Слични содржини