157
Полицијата информира дека денеска во периодот од 10 до 12 часот, ќе има посебен сообраќаен режим по улиците околу зградата на Владата. Причината е поради одржување на протест.
Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
Од тие причини, МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива протестот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.