Посебен сообраќаен режим во Тетово поради престој на висока странска делегација

од Nikola Popovski
146 прегледи

По повод доаѓањето и престојот во Тетово на висока делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија предводена од Абдулах Бин Мухамед Ал Шеикх, утре од 5 часот и 30 минути во Тетово ќе се воведе посебен сообраќаен режим, информираат од МВР.

Изменетиот режим ќе се однесува и применува на улицата „Маршал Тито“ од влезот – излез на Тетово до градскиот плоштад и обратно, потоа на потегот од градскиот плоштад до крстосницата со улицата „Браќа Миладинови“ и обратно и на улицата „Браќа Миладинови“ на потегот од крстосницата со улицата „Илинденска“ до крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“.

Посебниот режим ќе се применува до 12 часот.

-Во овој период, се апелира до граѓаните, без поголема и неодложна потреба да не се движат со нивните возила во овој дел од градот или да ги паркираат на споменатите улици, да имаат трпение и целосно да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници на СВР Тетово, се наведува во соопштението на МВР.

Слични содржини