Посен колач со чоколадо и кокос – лудило од добар вкус

од desk2
280 прегледи

Направете вкусен посен колач.


СОСТОЈКИ:
30 лажици брашно
20 лажици шеќер
25 лажици масло
35 лажици вода
1 ½ прашок за пециво
200 гр. кокос
50 гр. какао
50 гр. посно чоколадо
1 дл. вода
200 гр. маргарин
150 гр. шеќер

ПОДГОТОВКА:
Се меша брашното со прашок за пециво и се додаваат шеќер, масло и 35 лажици вода.
Прво ставете ги маслото и водата, па потоа брашното.
Се мати со миксер и се става смесата во плех, се пече на 180 степени 20 минути.
Се проверува бисквитот со чепкалица.
Се загрева на мала шерпа шеќер со какао и децилитар вода, па се ставаат чоколадо и маргарин кога шеќерот ќе се стопи.
Се сече на коцки бисквитот и се прелива со глазурата, па горе му се става кокос.